fbpx

МВР за смртта на старицата во Струмица

 МВР за смртта на старицата во Струмица

Вчера во 14:20 часот од страна на лекар од Итна медицинска помош Струмица во Секторот за внатрешни работи Струмица било пријавено дека во куќа на ул.“Димитар Цветинов“ во Струмица била пронајдена почината М.Б.(83), соопштија денеска од МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, доктори од Институт за судска медицина и Медицински центар Струмица и екипа на СВР Струмица.

По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link