fbpx

МВР за сообраќајката кај Добрашинци

 МВР за сообраќајката кај Добрашинци

Вчера во 17:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат за село Добрашинци, струмичко, во близина на мост на река „Струма“, патничко возило „форд фиеста“, со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Д.(18) од село Нова Mаала, струмичко, излетало надвор од коловозот, инфомираа денеска од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д. и сопатникот Ж.М.(34) од село Радичево, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link