Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Намален е бројот на нови случаи од Ковид-19 во Струмица
По вчерашните 21, денеска во Струмица се регистрирани 5 нови случаи на заразени од Ковид-19, но и двајца оздравени. Во Југоистокот има 4 нови случаи во Гевгелија, а во Радовиш и Валандово по два.
Во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 191 нови случаи на ковид-19 во:
– Скопје 96- Куманово 4- Штип 5- Прилеп 13- Тетово 15- Велес 1- Битола 3- Кавадарци 1- Гостивар 4- Гевгелија 4- Струмица 5- Крива Паланка 2- Радовиш 2– Кочани 15- Пехчево 1- Берово 4- Валандово 2– Виница 5- Делчево 2- Свети Николе 2- Кичево 2- Ресен 2- Неготино 1.
Во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Скопје (81г.), од Кичево (67г.) и од Струга (77г.).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени пациенти од:
– Скопје 19- Куманово 9- Штип 3- Тетово 3- Струга 6- Охрид 5- Кавадарци 3- Гостивар 2- Гевгелија 2– Струмица 2– Кочани 14- Пробиштип 1- Македонски Брод 1- Пехчево 1- Берово 2- Валандово 2– Делчево 1- Свети Николе 1Досега во земјата се направени вкупно 195.002 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18790, бројката на оздравени пациенти е 15341, на починати е 756, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2693.