fbpx

Невремето во Струмица и Радовиш не предизвика поголеми проблеми

 Невремето во Струмица и Радовиш не предизвика поголеми проблеми

Синоќа во 02:40 часот, на патот меѓу селата Муртино и Банско, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и тројца пожарникари интервенираше на отстранување на паднато дрво. Употребени се моторна пила и јажиња, со што е овозможено непречено одвивање на сообаќајот.

Во Радовиш ветрот и поројниот дожд донесе наноси на улиците од земја, а веќе во утринските часови екипите на комуналното претпријатие почнаа со расчистување.

Силниот дожд предизвикал и оштетувања и протекување на покривните конструкции на станбени објекти и домови на радовишани.

Share via
Copy link