fbpx

Нов протест на Иницијативата „Култура или фис-култура?“ во центарот на Струмица

 Нов протест на  Иницијативата „Култура или фис-култура?“ во центарот на Струмица

Актери од струмичкиот театар „Антон Панов“, организирани во Иницијативата „Култура или фис-култура?“, денеска на кружнит тек кај Поштата во Струмица одржаа уште еден уметничко-протестен перформанс против решението на Министерството за култура за назначувањето директор на НУЦК „Антон Панов“-Струмица и игнорантскиот однос на институциите.

Барањата ги соопшти актерот Бранко Бенинов.

-Драмскиот ансамбл на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, веќе четири месеци води битка со ветерници. Ресорното министерство прво ни’ создаде проблем, а потоа се прогласи ненедлежно за решавање на истиот.

Потсетуваме дека Министерството за култура назначи генерален директор на културна институција кој не ги поседува потребните компетенции за извршување на една таква одговорна функција. Од тие причини, бевме приморани нашата борба да ја водиме по правен пат. Имено, на 26.2.2021година поднесовме претставка до Државната комисија за спречување на корупција, за која до ден денес немаме разрешница.

Затоа, упатуваме прашање до претседателката на ДКСК Билјана Ивановска: Во која фаза се наоѓа нашата претставка и кога ќе има финален став?

Истото прашање го упатуваме и до претседателот на Управниот суд, судијата Бурим Сејдини, како и до Основното јавно обвинителство во Струмица, по повод нашата пријава во која се сомневаме дека сегашниот директор ја злоупотребил својата службена должност и овластување, рече Бенинов.

Share via
Copy link