fbpx

Новогодишна честитка од Ловното друштво „Беласица“

 Новогодишна честитка од Ловното друштво „Беласица“

Другари ловци од ЛД „БЕЛАСИЦА“, другари ловци од сите предели на нашата земја, на прагот сме на дочекот на Нова 2022 година.2021 година денес заминува.

Имаше и убави и лоши моменти во изминатата година, но ќе ја запамтиме како година со која се боревме со многу предизвици. ЛД „БЕЛАСИЦА“ е голема да одолее во тешки времиња, посебно кога друштвото има такви членови како Вас. Ловиштата ни се полни со дивеч. Финансиската конструкција на друштвото ни е во добра кондиција. Ни доаѓа новата 2022. Очекуваме во неа да се случат многу убави нешта за нашето ловно. Очекуваме дека финансиски оваа година ќе биде драстично подобра. Ловиштата повторно да останат богати со дивеч за ловците да уживаат во ловните денови.

Затоа на сите вас најпрво Ви посакувам да ја дочекате во убаво расположение. Со вашите семејства заедно да си го дочекате Христовото раѓање. А целата 2022 година нека биде благодатна, среќна и сите заедно да се радуваме на убави моменти во неа.

Со ловечки поздрав,Претседател – Марјан Даскаловски.

Share via
Copy link