fbpx

Одбележани 65 години од раѓањето на претседателот Трајковски

 Одбележани 65 години од раѓањето на претседателот Трајковски

Со пригодна програма и полагање цвеќе пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, денеска  беше одбележана 65 годишнината од неговото раѓање.

За животот на вториот македонски претседател говореше градоначалникот Коста Јаневски.

– Многу пати досега сме зборувале за животниот и професионалниот пат на нашиот сограѓанин и секогаш тие наши навраќања за неговиот живот и дело изобилувале со бројни факти, потсетувања на значајни настани и редица извадоци од негови изјави, но и изјави од други светски државници за него. Сето тоа станува дел од нашата меморија и причина да бидеме единствени во заложбата: „За претседателот Трајковски заборав не смее да има“.

Во прилог на тој незаборав на неговиот живот и дело оди тврдењето дека името на Борис Трајковски е на рамништето на најистакнатите архитекти и градители на мирот во европски и светски рамки. Таквото место го заслужи затоа што тој беше оригинално олицетворение на исклучително редок поклоник, подржувач и иницијатор за изнаоѓање разрешеници дури и за најгорливите прашања кои ги тиштат граѓаните на нашата земја. Се разбира, Претседателот Борис Трајковски го имаше во себе  универзалниот клуч кој ги отвора сите порти. Тој го знаеше добро познатиот и испробан рецепт, кој вели дека проблемите треба да се постават врз постулатите на дијалог, доверба и толеранција. Се разбира, практикувајќи го тој рецепт тој неретко се ставаше себеси  и како влог, и како заложник,  и како гаранција на страната на вистината, бидувајќи во спрега со вистинољубивоста и со безрезервната преданост кон силната верба во човековата вредност, без разлика на неговата национална припадност, политичка ориентација или верска определба, рече градоначалникот Јаневски.   

На денешното одбележување беа доделени наградите за најдобрите творби од распишаниот литературен конкурс во чест на Трајковски-„Миротворецот“, а наградените беа прочитани пред неговиот споменик.

Share via
Copy link