„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Одржана првата работилница за медиумска писменост во СОУ „Никола Карев“
Денес во СОУ „Никола Карев“ Струмица се одржа првата Работилница за медиумска писменост и препознавање говор на омраза наменета за младите средношколци.
Работилницата има за цел зголемување на медиумската писменост кај младите, како и насочување кон критичко размислување и препознавање на невистинити и лажни вести.
До младите, исто така, се доближи и темата Говор на омраза во медиуми и социјални мрежи, нејзино препознавање и превенирање.
Во наредните денови ќе одржат работилници и во СОУ „Јане Сандански“ и „Димитар Влахов“.
Проектот “Граѓанско сојузништво за репортери без граници” го спроведува Центарот за истражување и анализи НОВУС во партнерство со Медија Флеш, поддржан во рамките на Програмата за поддршка Safe Journalistssafejournalists.net, финансиран од страна на Европската унија.