fbpx

Пожар од корпа во Струмица зафатил помошен објект и автомобил

 Пожар од корпа во Струмица зафатил помошен објект и автомобил

На 25.09.2022 во 21:19 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во дворно место на А.М.(57) на улица „Цветан Димов“ во Струмица настанал пожар во корпа за отпадоци, од кој биле зафатени дел од помошен објект и преден дел од патничко моторно возило „форд фокус“ со струмички регистарски ознаки.

Со интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

Share via
Copy link