fbpx

ОК Струмица 47&72 го освои купот во Кавадарци

 ОК Струмица 47&72 го освои купот во Кавадарци

Одбојкарите на Струмица се освојувачи на одбојкарскиот куп кој викеднов се одржа во Кавадарци. Во финалниот натпревар струмичките одбојкари го совладаа скопски Вардар со 3:0, по сетови 25:21, 25:12, 25:17.

-Нашите момци забележаа победа и во финалето на купот на ОФМ. Лавовска борба за секој поен, покажавме зошто со години сме без конкуренција во домашните натпреварувања, објавија од екипата на ОК Струмица 47&72.

Натпреварите ги продолжуваат во првенството со последниот меч од регуларниот дел на домашен терен повторно со екипата на Вардар.

Share via
Copy link