Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
Општина Струмица ги повикува граѓаните кои претрпеа штети од невремето да поднесат барање за утврдување на штетата
Општина Струмица ги известува сите граѓани кои имаат штети од невремето коешто се случи на 29.05.2022 година, да поднесат Барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица.
Барањето може да се подигне од канцеларијата број 7 во општинската зграда или во електронска форма може да се преземе од веб страницата на општина Струмица.
Во прилог на Барањето потребно е да се достави Имотен лист кој го содржи бројот на парцелата за која се бара процена (може и копија) и Договор за закуп доколку предметната парцела за која се бара процена е во сопственост на друго лице. Комисијата ќе постапи по поднесените Барања согласно законските прописи.
Лица за контакт:
Ване Крстев – 076 208 494 –Претседател на Комисијата