Секуловски: политичките партии придонесуваат кон зголемување на дезинформациите
Политичките партии придонесуваат кон зголемување на дезинформациите и тоа на следниот начин:
1. Преку платена политичка програма каде само за локалните избори во 2021 година партиите имаат исплатено над 5.1 милиони евра јавни пари во приватни медиуми за партиска пропаганда. Освен во радиодифузерите политичките партии имаат платено на над 195 онлајн медиуми, а голем дел од нив немаат импресум ниту контакт додека помал дел не ни постојат во моментов.
2. Преку потценување на улогата на Македонската радиотелевзиија (МРТВ) во борбата против дезинформациите , медиум кој сите граѓани го финансираат и кој треба да биде пример во начинот на известување. МРТВ има најмал буџет во последните десет години и со тоа се ограничува капацитетот да ја исполнува својата улога.
3. Политичката (не)култура на дел од политичките субјекти преку десетици соопштенија за меѓусебно препукување кои ги праќаат до медиумите на дневна основа ги дефокусираат дел од медиумите во вршењето на својата улога да известуваат за прашања кои навистина се од јавен интерес… се дел од излагањето на извршниот директор на ЗНМ.
Излагањето беше во рамки на конференцијата “Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“ во организација на фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“.