Со механизација и рачно се чистеше крајбрежието на Дојранско Езеро
Општина Струмица објави јавен повик за административна помош на земјоделците
Општина Струмица објави Јавен повик за избор на стручно обучено лице за административна помош за земјоделците како дел од работата и функционирањето на Регионалниот центар за претприемништво и поддршка на земјоделството во општина Струмица за 2024 година.
Целта е да се стимулираат и вклучат младите земјоделци во современото земјоделско производство низ примената на новите дигитални можности како нови иновативни начини и модели на развивање и унапредување на земјоделството во регионот.
Јавниот повик е отворен 15 дена и објавен на општинската веб страница: https://strumica.gov.mk/javen-povik-za-strucno-obuceni-lica