Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Општинската зграда светна во портокалово, почнаа 16 денови активизам против семејното насилство
-Вечерва општинската зграда светна во портокалова боја и се вклучивме во Кампањата 16 дена активизам за борба против семејното и родово базирано насилство, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Упатувам силна порака за подигање на свеста, за охрабрување на жените и деца жртви да пријавуваат насилство, а надлежните институции да преземаат координирани и ефикасни мерки за нивна заштита. Струмица е прва општина во која од сопствен родово одговорен буџет издвојува финансиски средства за функционирање на лиценцираниот Шелтер центар за згрижување жени и деца жртви на семејно насилство.Отворивме и Психо – социјалното Советувалиште за поддршка на жртвите.Нема да дозволиме жените и децата кои се во ризик да ни станат бездомници. Ќе отвориме Куќа за отворено домување од 6 до 24 месеци.СТОП за семејното и родово базирано насилство, напиша струмичкиот градоначалник по повод 25 ноември, Меѓународниот ден против насилство врз жените.