fbpx

Организација на обуки за стратешкии финансиски менаџмент, маркетинг и промоција, управување со ресурси и инвентар, мониторинг и анализа, преку проектот „IDEAS“

 Организација на обуки за стратешкии финансиски менаџмент, маркетинг и промоција, управување со ресурси и инвентар, мониторинг и анализа, преку проектот „IDEAS“

Проектот „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“ со акроним „IDEAS“ го имплементира Фондацијата за локален и развој на информатички технологии – Гевгелија, во партнерство со Американското земјоделско училиште од Солун, Грција и Мрежата за рурален развој на СМ од Скопје.

Проектот „IDEAS“ се стреми да понуди решенија на идентификуваните предизвици преку промовирање на претприемништвото кај младите со цел да се создадат нови одржливи агро – бизниси особено бизниси кои имаат иновациски потенцијал и можат да станат мултипликатори кои ги искористуваат предностите и потенцијалите на регионот.

Активностите кои придонесуваат кон остварување на целите на проектот вклучуваат и серијата на обуки од различни области. По успешно спроведената обука за ЕУ регулативите за здравје и безбедност на храна, HACCP системот и стандардот ISO 22000 во јули 2023, во тек се и обуки за подобрување на бизнис капацитетите на младите претприемачи. Овие обуки опфаќаат теми како што се стратешки и финансискименаџмент, маркетинг и промоција, управувањесоресурси и инвентар, мониторинг, анализа и пишувањеизвештаи, коисеодржуваатвоДојранод 12ти до 14ти октомври и од19ти до 21ви октомври 2023 година.

Целта на обуката е да им обезбеди на учесниците вештини кои ќе им помогнат на младите претприемачи во земјоделскиот сектор, да го надградат своето знаење и да започнат свој бизнис.

Share via
Copy link