fbpx

Девет лица повредени во сообраќајка кај Валандово

Вчера во 04.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат во близина на село Раброво, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.К.(61) од Струмица, патничко возило „цитроен“, управувано од Г.А.(35) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки и трактор „ИМТ“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Т.Ш.(74) од Валандово, соопштија денеска од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, додека возачот на возилото „цитроен“ и шест сопатници од истото возило, како и сопатник од тракторот Д.Н.(56) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица и Здравствен дом Валандово. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Валандово.

Share via
Copy link