КОНКУРС ЗА ПОЕЗИЈА ЗА 15. ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „100 ИЛЈАДИ ПОЕТИ ЗА ПРОМЕНА“ 2025 ГОДИНА
Отворен Новогодишниот базар во Струмица
Со интерактивната музичка претстава за деца „Возможната мисија на Paw Patrol и Снешко Смешко“ денеска на градскиот плоштад беше отворен Новогодишниот базар Струмица 2024.
-Тој е уште едно предновогодишно изненадување и надополнување на предновогодишната атмосфера од градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица, а кое им се допадна на граѓаните бидејќи го наполнија плоштадот, а најбројни беа дечињата со нивните родители, информираа од Општина Струмица.
Покрај детската претстава и настапот на Горан Алиќ, граѓаните можеа да уживаат и во топлите пијалоци, вкусната храна, рачните изработки во повеќе видови кои се нудеа од петте дрвени куќички специјално поставени за оваа намена на плоштадот.
Новогодишниот базар ќе биде отворен до 30 декември и нуди музика за сечиј вкус со настапи во живо, извонредна забава и уживање во COCA COLA караванот.