fbpx

Полициски билтен:Физичка пресметка во Радовиш, пронајдена прашкаста материја кај светиниколчанец

 Полициски билтен:Физичка пресметка во Радовиш, пронајдена прашкаста материја кај светиниколчанец

На 24.12.2023 година во 02.40 часот во Полициската станица Радовиш биле приведени Ѓ.Г. (18), М.А. (20), Л.Е. (20), тројцата од Радовиш и Д.К.(21) и Ј.К. (25), двајцата од село Сулдурци, радовишко. Лицата претходно на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.12.2023 година во 00.05 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода В.Б. (40) од Свети Николе. При преглед на истиот била пронајдена кафена грутчеста материја. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Share via
Copy link