fbpx

Отворена изложбата на икони од зографот Григориј Пецанов

 Отворена изложбата на икони од зографот Григориј Пецанов

Вчера во просториите на галерискиот простор во НУ „Завод и Музеј Струмица“ беше отворена изложбата на репродукции на икони од струмичкиот зограф Григориј Пецанов – ,, Богатство што треба да се види “.

На изложбата беа претставени 24 репродукции на икони од различни цркви од населените места од струмичкиот крај.

Изложбата беше подготвувана подолг период на која и претходеа долгомесечни истражувања во однос на пронаоѓање и документирање на иконите од околните населени места.

Ова изложба финансиски е поддржана од Министерството за култура и е дел од манифестацијата Струмица град на културата.

Share via
Copy link