fbpx

Пешак потешко повреден во Валандово

 Пешак потешко повреден во Валандово

Вчера во 09:00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Валандово, патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(32) од село Пирава, валандовско, удрило во пешакот Д.С.(67) од Валандово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Здравствен дом – Валандово. 

Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

Share via
Copy link