Старец потешко повреден во Муртино откако го удрил автомобил
Плицијата поднесе кривични пријави против четири лица за криумчарење мигранти
СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Г.(21) и И.К.(27), двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „соизвршителство“ во врска со „криумчарење мигранти“. На 31.10.2023 во с.Давидово, при преглед на патничко возило „фолксваген туарег“, кое го управувал првопријавениот, полициски службеници откриле 13 мигранти од Сирија. Второпријавениот, со патничко возило „мазда“ бил претходница и учествувал во прифаќање на мигрантите.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Д.(20) и З.Г.(20), двајцата од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 01.11.2023, првопријавениот изнајмил патничко возило „фолксваген туарег“ со косовски национални ознаки, со кое во близина на с.Негорци прифатиле седум мигранти од Сирија со цел да ги превезат кон Скопје, но притоа биле фатени од полициски службеници.
Фото: архива