fbpx

Двајца возачи повредени во сообраќајка на Валандовско брдо

 Двајца возачи повредени во сообраќајка на Валандовско брдо

Синоќа 25 минути по полноќ во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на местото „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Т.(31) од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(30) од Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Фото: архива

Share via
Copy link