fbpx

„Фолклорна низа“ одбележа 5 години постоење и втор пат го организираше Фестивалот „Фолколорни алки“

 „Фолклорна низа“ одбележа 5 години постоење и втор пат го организираше Фестивалот „Фолколорни алки“

Здружението за ора и песни „Фолклорна низа“ вечерва со концерт и настап на фолклорните ансамбли „Бучим“ од Радовиш, „Пирински ритми“ од Петрич, Бугарија и „Љупчо Сантов„ од Оризари, кочанско, го одбележа јубилејот 5 години од постоењето и воедно го организираа вториот фестивал „Фолклорни алки“.

-Народните ора и песни се наше богатство и гордост. Се дружиме, другаруваме, играме.Така и на 25 април 2024 година по втор пат го организираме Фолклорниот фестивал “Фолклорни алки” кои ќе блеснат во нашиот град, ќе соберат бројни љубители на фолклорот и ќе ги исполнат нашите срца, напишаа од „Фолклорна низа“ во поканата за фестивалот.

Share via
Copy link