fbpx

По повод посетата на папата Фрањо во Скопската катедрала е поставена спомен плоча

Во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје на 5 јули 2020 год., после неделната света Литургија, скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх монс. Киро Стојанов ја откри и благослови спомен плочата во знак на 29. Апостолско патување на Неговата Светост папата Фрањо на 7 мај 2019 година во Македонија.

Бискупот Стојанов кажа дека оваа плоча ќе биде знак и ќе упатува во историскиот настан на Апостолската посета која ја живееше оваа црква и целата држава Македонија.

На плочата е насликано логото на Апостолската посета, а текстот е напишан на македонски и англиски јазик.

„НЕ БОЈ СЕ, МАЛО СТАДО“

Лука 12,32

НЕГОВАТА СВЕТОСТ

ПАПАТА ФРАНЦИСК

ЗА ВРЕМЕ НА СВОЕТО XXIX АПОСТОЛСКО ПАТУВАЊЕ НА

Р. МАКЕДОНИЈА НА 7 МАЈ 2019 ГОДИНА

ЈА ПОСЕТИ ОВАА СКОПСКА КАТЕДРАЛА И СЕ СРЕТНА СО

СВЕШТЕНИЦИТЕ, НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА И БОГОПОСВЕТЕНИТЕ

ОВАА ПЛОЧА ВО ЗНАК НА БЛАГОДАРНОСТ НА ТРОЕДИНИОТ БОГ ЗАЕДНО СО БОГОПОСВЕТЕНИТЕ ЛИЦА И ВЕРНИЦИТЕ НА ЦРКВАТА ВО МАКЕДОНИЈА ЈА ПОСТАВУВА

МОНС. Д-Р КИРО СТОЈАНОВ, БИСКУП

„БИДЕТЕ СВЕТИЛНИК НА МИРОТ“

ПАПА ФРАНЦИСК

Исто така, пригодна плоча е поставена и во бискупската резиденција во Скопје.

Share via
Copy link