fbpx

Почна изградбата на булеварот од Струмица до Дабиле

 Почна изградбата на булеварот од Струмица до Дабиле

Струмица ќе има уште еден булевар. Новото булеварско решение е од Струмица до населеното место Дабиле. Овој пат е еден од најфреквентните во државата кој води до граничниот премин Ново Село на македонско – бугарската граница.

На започнувањето на градежните активности денеска беше градоначалникот Костадин Костадинов со членови на Советот и претставници на општинската администрација.

-Во политиката е многу важно тоа што го ветувате пред граѓаните од кои барате гласови, да држите до зборот и да го исполните, особено ветувањата за капиталните проекти. Ние ветивме 3 нови булевари во Струмица и еве сме денеска на патот Струмица – Дабиле, еден од најфреквентните во државата во однос на сообраќајот и започнуваме со решавање на тој проблем. Со претставници од општинската администрација, членови на Советот, сме овде на започнувањето на изградбата на новиот булевар Струмица – Дабиле во должина од околу 2 километри којшто е заедничка инвестиција на Јавното претпријатие за државни патишта и Општина Струмица. Обврските на општина Струмица во однос на атмосферската канализација започнаа да се реализираат, после другата обврска е на Јавното претпријатие за државни патишта асфалтирање на самата делница и нормално потоа ние обезбедуваме велосипедски патеки со населеното место Дабиле, пешачка патека и осветлување. Барам трпение од граѓаните, оти нормално е кога има градежни активности да имаме различен режим на сообраќај, но ќе го правиме тоа на делници се со цел граѓаните да можат да си ги остварат своите права или обврските кои што ги имаат во Струмица и на други места. Јас сум навистина среќен човек што еве еден месец пред половина од мандатот, веќе имаме над 50 проценти реализација на изборната програма која што заедно со оваа група на луѓе сме ја ветиле пред граѓанките и граѓаните на Струмица и секако дека со таквиот интензитет и динамика ќе продолжиме и до крајот на нашите мандати, рече Костадинов.

Share via
Copy link