fbpx

Почна ковид учебната година во основните училишта во Струмица

 Почна ковид учебната година во основните училишта во Струмица

Првиот училишен час од новата учебна година, којашто поради пандемијата со Ковид – 19 започна еден месец подоцна и во специфични услови, градоначалникот Коста Јаневски го помина со првачињата од основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ од Дабиле, а ги посети и училиштата во Муртино и Банско.

Успешен старт им посака и на сите ученици и учесници во воспитно-образовниот процес во основните и средните општински училишта.

Градоначалникот Јаневски потенцираше дека во основните и средните училишта во општина Струмица, се превземени сите потребни мерки и активности предвидени со донесените протоколи за работа

.Во сите девет основни училишта во прво одделение се запишани 573 ученици, а вкупниот број на запишани ученици од прво до деветто одделение изнесува 4.994.

Согласност за реализирање на настава со физичко присуство за ученици од прво до деветто одделение, има добиено ООУ „Гоце Делчев“ од селото Вељуса.

За четврто и петто одделение согласнот за реализирање на настава со физичко присуство имаат добиено 12 подрачни училишта и тоа во Свидовица, Сачево, Добрејци, Водоча, Рич, Попчево, Мемишли, Дорломбос, Габрово, Костурино, Раборци, Градско Балдовци) и дополнително паралелката за аутизам во ООУ „Сандо Масев“ од Струмица.Делумна согласнот има добиено и музичкото училиште „Боро Џони“ кое ќе изведува индивидуална практична настава со физичко присуство, со согласнот од родителните на учениците и со почитување на протоколите, а теоретската настава ќе биде учење од далечина.

За сите ученици од средното образование наставата ќе се изведува од далечина.

Share via
Copy link