fbpx

Полицијата апелира да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места

 Полицијата апелира  да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места

Се наоѓаме во период од годината кога земјоделците ги подготвуваат своите земјоделски површини за сеидба, при што палат стрништа, меѓи, плевел и други отпадоци. Во минатото бевме сведоци на многу појави кога ваквото неконтролирано палење беше причина за настанување на пожари, со кои се предизвикуваа штети на имотот на граѓаните.
Токму поради наведеното Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до сите граѓани :
–        да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места;
–        да не се палат стрништа, земјоделски и други површини;
–        да не се врши палење на отпад или друг горлив материјал;
–        да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.

СВР Струмица потсетува дека предизвикувањето на пожар, намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци.

Share via
Copy link