fbpx

Полицијата и инспекциите повторнo ги „чешлаа“ угостителските објекти

Секторот за внатрешни работи Струмица  за време на викендот во  координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат и општински комунални инспектори   извршија контрола над  угостителските  објекти во општина Струмица со цел утврдување дали се почитуваат  Одлуките и Протоколите од Владата на РСМ во врска со Коронавирусот (COVID -19).

На 02/03.10.2020 година, од извршена контрола над  22 угостителски објекти на подрачјето на општина Струмица, во 1 угостителски објект е констатирано 1  кривично дело по 206  од КЗ на РСМ  и прекршоци по чл. 8  (пуштање гласна музика) и чл. 21  (овозможување присуство на малолетни лица подолго од 24 часот)од ЗППЈРМ. а во 1 угостителски објект констатиран е прекршок по чл. 21 од ЗППЈРМ

На 03/04.10.2020 година, од извршена контрола над  4 угостителски објекти на подрачјето на општина Струмица, во 2 угостителски објект се констатирани  2 кривични дела по 206  од КЗ на РСМ  и прекршоци по чл. 8 и чл. 21 од ЗППЈРМ.

Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните  да ги почитуваат препораките од Владата на Република Северна Македонија и законските правила и прописи.

Соопштение на СВР Струмица

Share via
Copy link