„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полицијата со превентивна кампања за прописно паркирање
Полициски службеници заедно со ученици од од учишните сообраќајни единици денеска на неколку улици во централното градско подрачје на Струмица на непрописно паркирани возила оставаа платни налози со едукативна содржина.
Според началникот на Отсекот за превенција при СВР Струмица, Хризантема Рендевска, кампањата се реализира под мотото „Паркирај совесно, паркирај одговорно“.
-Оваа кампања е наменета за учесниците во сообраќајот, особено оние што паркираат на површини каде не е дозволено паркирање, најчесто на тротоарите, бидејќи тие се место за пешаците, а не за возилата. Со нашата превентивна активност сакаме да ја подигнеме свеста кај возачите за прописно паркирање, рече Рендевска.
Инаку, кампањата ја реализираат Отсекот за превенција при СВР Струмица, Полициската станица за безбедност во сообраќајот заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, „Глобал Шејперс“ и ученици од учишните сообраќајни единици.