fbpx

Полициски билтен: физички напади во Струмица и Радовиш

На 22.05.2022 во 01.50 часот во Полициската станица Струмица, М.С.(60) од  с.Градашорци, општина Василево, пријавила дека на 21.05.2023 околу 21.00 часот била физички нападната од Е.Н..Се работи на расчистување на случајот.

На 22.05.2022 во 15.00 часот во Полициската станица Струмица, С.И.(35) од с.Василево пријавил дека околу 14.00 часот во спортска обложувалница во с.Василево бил физички нападнат од Ф.Д., кој употребил и тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот.

На 22.05.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Радовиш, Б.Ф.(47) од Радовиш пријавила дека на улицата „Св.Спасо Радовишки“ во Радовиш била касната од куче скитник.

Share via
Copy link