Полициски билтен: физички напади во Струмица и Радовиш, ограбен жител на Василево во Валандово
На 31.07.2023 во 03.40 часот во Полициската станица Валандово, Т.В.(31) од село Василево, струмичко, пријавил дека во Валандово, две лица со закана со остар предмет му одзеле пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.07.2023 во 14.20 часот во Полициската станица Струмица, А.К.(31) од Струмица пријавил дека околу 14.15 часот во Струмица бил физички нападнат од Н.Ш.. Полициска станица Струмица презема мерки за расчистување на случајот.
На 30.07.2023 во 21.45 часот во Полициската станица Радовиш, М.К.(24) од Радовиш пријавила дека во Радовиш била физички нападната од Ј.Ѓ. од Радовиш. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.