fbpx

Тешко повреден сопатник по излетување на автомобил од патот

Вчера во во 17:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат од село Ново село кон село Мокриево, струмичко, Ѓ.К.(23) од село Добрејци, струмичко, управувајки патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од патот, соопштија денеска од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.С.(25) од село Борисово, струмичко, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица. 

Share via
Copy link