fbpx

Полициски билтен:агресивно однесување кон полицајци, физички напад во село Баница

 Полициски билтен:агресивно однесување кон полицајци, физички напад во село Баница

На 20.03.2024 во 22.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Т.(31) од Струмица, О.К.(42) и П.С.(31), двајцата од село Баница, струмичко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.03.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Струмица, М.С.(57) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 21.00 часот во село Баница бил физички нападнат од О.К. од истото село. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link