fbpx

Полициски билтен:два физички напади и каснување од куче

 Полициски билтен:два физички напади и каснување од куче

На 10.08.2022 во 02.57 часот во Полициската станица Струмица, Т.С.(53) од село Добрејци, струмичко, пријавил дека околу 01.00 часот на плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица бил каснат од куче скитник.

На 10.08.2022 во 01.10 часот во Полициското одделение Нов Дојран, М.Ц. (19) од Крива Паланка пријавила дека пред угостителски објект во Стар Дојран била физички нападната од З.„Н“. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.08.2022 во 23.00 часот во Полициската станица Струмица, Е.М. (41) од село Банско, струмичко, пријавил дека околу 13.00 часот во село Банско неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.Ш. од истото село. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link