„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полициски билтен:физички напади во Радовиш, Струмица и Ново Село
На 19.01.2023 година во 10.25 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 10.00 часот на улица „Калаузлиска“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.Ц. (37) и Г.А. (51), и двете од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.01.2023 година во 23.40 часот во Полициската станица Струмица, Х.В. (21) од село Ораовица, радовишко, со престојувалиште во Струмица, пријавил дека околу 22.40 часот во казино во Струмица бил физички нападнат од З.„Н“.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.01.2023 година во 01.40 часот во Полициско одделение Ново Село, С.Ш. (39) од село Сушица, струмичко, пријавил дека на 19.01.2023 година околу 12.40 часот во угостителски објект во Ново Село бил физички нападнат од Д.Н. од село Самоилово, општина Ново Село. Полициско одделение Ново Село презема мерки за расчистување на случајот.