fbpx

Светиот крст во Струмица го фати Љубе Шопов

 Светиот крст во Струмица го фати Љубе Шопов

Триесетгодишниот Љубе Шопов од Струмица денеска го фати светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица.

Тој најбргу стигна до крстот по кој скокнаа дваесет граѓани.

Претседателот на Советот на Општина Струмица на Шопов му врачи Плакета-православен крст, а доби и подароци од спонзорите.

Фаќањето на крстот на Шопов му го честиташе и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-И денеска на големиот празник Водици бевме верни на верата и традицијата.Поголем број верници влегоа во осветените води на базенот ,,Аквариус” за да го фатат крстот, но најбрз меѓу нив беше Љубе Шопов од Струмица.Честитки за Љубе, многу здравје и среќа да има во новото лето Господово.

ХРИСТОС СЕ ЈАВИ! За многу години да ни е празникот, напиша градоначалникот Костадинов.

Share via
Copy link