fbpx

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Водици

 Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Водици

Почитувани сограѓани од христијанска вероиосповед,

Во овој месец исполнет со духовна благодат, Богојавление – Водици е еден стожерните празници кои ја будат во нас љубовта кон животот и верата на која и припаѓаме.

Споменот за крштевањето на Исус Христос во осветените води на реката Јордан од страна на Св. Јован Крстител, не повикува да ја очистиме својата душа од гревовите, за да станеме подобри, почовечни и поверни во Христа.

Да го славиме овој голем ден и со чисти души, отворени срца и озарени лица, да ги ползуваме радостите што тој ни ги носи.

Да сте живи, здрави, среќни и радосни и вековито да ви биде празнувањето на Богојавление – Водици.

ХРИСТОС СЕ ЈАВИ.

Share via
Copy link