fbpx

Полициски билтен:санкционирано брзо возење,физичка пресметка и напад во Радовиш и Струмица

 Полициски билтен:санкционирано брзо возење,физичка пресметка и напад во Радовиш и Струмица

На 14.04.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Струмица, 15 во Валандово и 10 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

На 14.04.2024 во 23.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле З.Ј. (32) од село Ораовица, радовишко, а на 15.04.2024 во 00.40 часот бил приведен К.Х.(38) од Радовиш. Тие се сомничат дека претходно на ул. „22 Октомври“ во Радовиш го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Лицата биле задржани во Полициската станица Радовиш и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.04.2024 во 01.30 часот во Полициската станица Струмица, Т.Т.(24) од Струмица пријавила дека околу 01.00 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица била физички нападната од С.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link