fbpx

Полициски билтен:сообраќајка кај Гевгелија, физички напад во Струмица, пресметка во Јосифово

 Полициски билтен:сообраќајка кај Гевгелија, физички напад во Струмица, пресметка во Јосифово

На 30.03.2022 во Полициската станица Струмица, Ј.Ј.(41) од Струмица пријавил дека околу 13.15 часот во паркот во Струмица неговиот малолетен син бил физички нападнат од И.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.03.2022 во 09.34 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на крстосница од булевар „Гевгелија“ и стар магистрален пат М1 во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(72) од село Ѓавато, општина Богданци и патничко моторно возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(27) од село Богородица, гевгелиско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Б., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

На 01.04.2022 во 00.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во угостителски објект во село Јосифово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.К.(25) и Д.З.(35), двајцата од Валандово. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link