Полициски билтен:валандовчанец ја нападнал сопругата, физички напади во Струмица

 Полициски билтен:валандовчанец ја нападнал сопругата, физички напади во Струмица

На 15.02.2025 во 01.00 часот во Валандово полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишиле од слобода 32 годишен жител на Валандово, кој на 14.02.2025 во нивниот дом во Валандово ја нападнал неговата сопруга, при што и нанел повреди на телото. Лицето било задржано во Полициската станица Валандово и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.02.2025 во 02.40 часот во Полициската станица Струмица М.К.(20) од Радовиш пријавил дека околу 01.20 часот во Струмица бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 14.02.2025 во 17.00 часот во Полициската станица Струмица С.В.(66) од Струмица пријавил дека на ул. „5ти Ноември“ во Струмица бил физички нападнат од едно лице. Полициската станица Струмица презема мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link