fbpx

Полно комбе со мигранти направи карамбол на „Младинска“

Комбе, управувано од возач од Кочани, во кое се превезувале поголем број мигранти, денес во 11:50 часот предизвика тешка сообраќајка на крстосницата на улиците „Младинска“  и „Браќа Минкови“ во Струмица. Во несреќата се повредени три лица, кои се пренесени во струмичката болница на натамошно лекување.

Според очевидци комбето се движело со голема брзина, најверојатно да ја избегне полицијата и притоа удрило во три возила, од кои две биле паркирани, а по несреќата дел од мигрантите успеале да побегнат.

Настанот го потврди портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Share via
Copy link