fbpx

Потешко повреден тракторист во сообраќајка на патот Струмица-Радовиш

 Потешко повреден тракторист во сообраќајка на патот Струмица-Радовиш

МВр соопшти дека вчера во 18:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица, во село Владевци, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „ИМТ 53“ без регистраски ознаки, управуван од В.С.(61) од село Едрениково, општина Василево и патничко возило „волво‘‘ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(65) од село Покрајчево, радовишко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link