Старец потешко повреден во Муртино откако го удрил автомобил
Потпишан Меморандум за соработка меѓу „Медија Флеш“ и Гимназијата „Јане Сандански“
Денеска претседателот на Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“, Ристо Тасев и директорката на струмичката гимназија, СОУ „Јане Сандански“, Невенка Стојанова, потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот се однесува на резлизирање на проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и биди медиумски писмен во ера на дигитални вести!“.
Оваа активност е поддржана од проектот „Млади агенти на промената“ имплементиран од „Центар за интеркултурен дијалог“ (ЦИД), „Сојуз на извидници на Македонија“ и Центар за истражување и анализи „НОВУС“ Струмица со финансиска поддршка од ЕУ, којшто во наредниот период ќе го реализира нашето Здружение, а во кој активно ќе бидат вклучени ученици и професори од „Јане Сандански“.
Основна цел на проектот е да се унапреди медиумската писменост и да се создадат вештини за критичко размислување и анализирање кај младите во Општина Струмица за да се справат со дезинформациите и лажните вести.
Овој проект ги поттикнува младите да станат одговорни конзументи на информациите, свесни да носат информирани одлуки и да се вклучуваат во конструктивен дијалог со сите релевантни чинители. Заради сето ова проектот цели и придонесува за создавање информирана и кохезивна заедница.
-Со оглед на предизвиците на дигиталната ера, како што е брзата циркулација на информации што често доведува до ширење на дезинформации и лажни вести, од клучно значење е да се реши ова прашање во општина Струмица, особено кај младите луѓе. Токму тие, како ранлива категорија во општеството се силно погодени од конзумирањето на такви содржини, првенствено преку онлајн порталите и платформите за социјални медиуми како Facebook, Instagram, Youtube, TikTok. Оваа изложеност на парцијални информации и недостатокот на критичко размислување, аналитички вештини и комуникациски способности им отежнуваат да разликуваат што е вистинита, а што е лажна вест, велат од здружението „Медија Флеш“.
Со овој проект ќе се поттикне развој на механизмите за соработка кои се бараат од различни засегнати страни, вклучувајќи медиумски организации, граѓанско општество, образовни институции, локални власти, млади и други чинители. Со заедничка работа, тие можат да го намалат негативното влијание на лажните вести и дезинформациите и преку колективен напор од сите ќе се создаде заедница која е добро подготвена да се движи низ светот на информациите и да оди напред заедно.
За повеќе информации следете ја фејсбук страницата на Здружението: https://www.facebook.com/mediaflashsr.