fbpx

Повеќе оздравени пациенти, отколку нови позитивни случаи

 Повеќе оздравени пациенти, отколку нови позитивни случаи

Во изминатата недела се регистирани повеќе оздравени пациенти, отколку нови позитивни случаи, објави министерот за здравство, д-р Венко Филипче.

Бројот на тестирања бележи тренд на зголемување, а се намалува и бројот на смртни случаи. Според Извештајот на ИЈЗ за период 10-16 август во однос на претходната недела:

✅ 17.8% повеќе тестирања или 11.605 вкупно
✅ 1.067 оздравени лица или 29 лица повеќе
✅ 32% помалку смртни случаи
✅ Скопје (27,8%) и Куманово (13,5%) – градови со најголем процент на заболени

Да продолжиме да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19. Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопственото здравје, но и здравјето на нашите најблиски. Да носиме задолжително заштитна маска, често да ги миеме рацете и да одржуваме физичка дистанца, стои во објавата на Филипче.

Share via
Copy link