fbpx

Предадено во употреба игралиштето со вештачка трева

 Предадено во употреба игралиштето со вештачка трева

-Спортската инфраструктура во Струмица ја збогативме со уште еден спортски терен, а тоа е новото фудбалско игралиште со вештачка трева. Денеска се изврши примопредавање на игралиштето согласно „Хет трик III програмата на УЕФА“, од страна на Фудбалската федерација на Македонија, на Општина Струмица и ФК „Академија Пандев“, објави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Овој спортски терен е изграден со трипартитен договор меѓу „Академија Пандев“, Фудбалската Федерација на Македонија која ги обезбеди средствата и Општина Струмица којашто ги обезбеди локацијата, проектот и одобрението за градба. А најважно од се е што ова игралиште ќе го користат сите фудбалски клубови.

Општина Струмица ја уредува и патната инфраструктура во овој спортски комплекс во којшто се наоѓаат фудбалскиот стадион, спортскиот центар „Академија Пандев“, спортската сала и двете игралишта со вештачка трева. Останува уште да се реализира ветувањето на Фудбалската федерација на Македонија за изградба на соблекувални и помошни простории.

-Нека ни е честит овој прекрасен спортски терен, да биде полн со фудбалери, да се играат многу натпревари, да се постигнуваат големи успеси и од тука нека излезе уште еден Горан Пандев кој ќе ја афирмира нашата општина и нашата држава, напиша Јаневски.

Новото фудбалско игралиште со сечење на свечената лента го предадоа во употреба градоначалникот Јаневски, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и претставникот на ФК „Академија Пандев“, Мартин Алаѓозовски.

Share via
Copy link