fbpx

Преку „Систем 48“ решени 710 проблеми на граѓаните

 Преку „Систем 48“ решени 710 проблеми на граѓаните

Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во изминатата 2022 година биле решени 710 проблеми од вкупно пријавените 765 од страна на граѓаните. За останатите 55 е потребно повеќе време и истите се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање, информираа денеска од Општина Струмица.

Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 601, собирање смет 69, водовод и канализација 46, паркови и зеленило 40, општински инспекциски служби 1 и 8 за улици, патишта и тротоари.

Целта на општинскиот сервис „Систем 48“ е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми.

Од „Систем 48“ им благодарат на граѓаните за користењето на нивните услуги и истовремено апелираат да продолжат и понатаму да го користат бесплатниоттелефонски број 0800 148 48 за пријавување на проблемите со коишто се соочуваат, а кои се во надлежност на Општината, општинските јавни претпријатија и институции.

Share via
Copy link