fbpx

Претекува општинската каса на Струмица

 Претекува општинската каса на Струмица

Советот на општина Струмица денеска ја одржа седмата седница на којашто беа усвоени повеќе предлог извештаи, одлуки и програми на Општината, јавни претпријатија и локални институции. Советниците го усвоија извештајот за извршувањето на буџетот за четвртиот квартал од 2021 година, годишниот извештај на Општината и предлог-завршната сметка на буџетот за 2021 година.

Во четвртиот квартал од 2021 година, вкупните приходи во Буџетот на општина Струмица имаат реализација од 98 проценти, од кои основниот буџет е реализиран со 104 проценти. Вкупните оперативни расходи се реализирани со 95 проценти а капиталните расходи имаат реализација од 77 проценти во однос на планираните во за 2021 година.

Реализацијата на основниот буџет надминува 100 проценти затоа што општина Струмица има добиено 60.000.000 денари од Министерството за транспорт и врски за изградба на социјална населба во Турското маало, проект планиран во Буџетот за 2022 година.

Share via
Copy link