fbpx

Претрес во Радовиш, пронајдени дрога, пушка и муниција

 Претрес во Радовиш, пронајдени дрога, пушка и муниција

На 20.07.2023 полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Т.Ј. од Радовиш. При претрес извршен со судска наредба во дом и други простории во Радовиш, сопственост на Т.Ј., биле пронајдени бела прашкаста материја, метална дробилка со остатоци од растителна материја, 9 парчиња маневарска муниција и една пушка,кал.4,5мм, соопштија денеска од МВР.

При претресот во куќата затекната била В.М. од радовишко, која била повикана на службен разговор во полициска станица. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Радовиш, по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Share via
Copy link