fbpx

Приведен дилер од радовишко, пронајдена марихуана

 Приведен дилер од радовишко, пронајдена марихуана

Денеска во 11:15 часот во село Подареш, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.П.(34) од истото село, соопшти МВР.

При претрес во куќата каде живее, дворно место, помошни простории и две возила извршен со судска наредба, биле пронајдена и одземена марихуана (околу 255 грама), дигитална вага, а имало и импровизиран простор за обработка на марихуаната.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива

Share via
Copy link