fbpx

Полициски билтен: физички напади врз полицаец во Струмица и пред дискотека во Гевгелија

 Полициски билтен: физички напади врз полицаец во Струмица и пред дискотека во Гевгелија

На 28.11.2021 во 01.00 часот во Струмица од полициски службеници од СВР Струмица е лишен од слобода Ј.В.(25) од Струмица затоа што на 27.11.2021 околу 22.00 часот во близина на бензинска пумпа во Струмица физички напднал полициски службеник. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.11.2021 во 10,40 часот во СВР Струмица Н.А.(19) од Богданци пријавил дека околу 03,30 часот пред влез во дискотека во Гевгелија бил физички нападнат од З.Ј. од с.Пирава. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link